Peach Army
Partner Program
Слободни места
Peach Army Partner Program

3 награди. 3 бренда. Секој месец.

Секој месец ги наградуваме 3-те најактивни членки на Peach Army. Вашиот бренд ја обезбедува наградата, а ние го претставуваме пред нашата заедница низ целиот месец.

Ранг листа на најактивни членки во Peach Army апликацијата
Топ 3 на ранг листата ги освојуваат наградите
4.000активни членки во апликацијата
28.200следбеници на Instagram
40.185претплатници на е-пошта
30.000посети месечно на peacharmy.mk
31%просечна стапка на отворање на мејловите
Како функционира

Едноставно. Фер. Месечно.

Членките се натпреваруваат

Победничките се избираат според активноста во апликацијата, без гласање. Ранг листата е видлива за сите.

Секој месец нови победнички

Членка што освоила награда еден месец, следниот месец не учествува. Секој месец наградата оди кај нови луѓе.

Еден бренд по награда

3 партнери, 3 награди. Само еден бренд од иста категорија во ист месец, без конкуренција меѓу партнерите.

Партнерски нивоа

Изберете го вашето место

Вие избирате производ или услуга во рамките на вредноста за нивото, во договор со нашиот тим. Вие ја доставувате наградата, а ние го испорачуваме промотивниот пакет.

1. место

Main Partner

200–300 €вредност на наградата

Водечкиот бренд на месецот. Најголемо присуство и водечко место во рекламите.

13 вклучувања на брендот во месецот
2. место

Featured Partner

100–150 €вредност на наградата

Силно присуство до победничките низ сите канали.

8 вклучувања на брендот во месецот
3. место

Community Partner

50–100 €вредност на наградата

Лесен влез за бренд што сака да ја запознае заедницата.

4 вклучувања на брендот во месецот
Месечен пакетMainFeaturedCommunity
Instagram / Facebook Stories421
Instagram / Facebook објави321
Објави во Peach Army заедницата321
Newsletter (е-пошта)321
Платени рекламиВодечко место✓✓
Објава со победничките✓✓✓
Лого во „Friends of Peach Army“ на почетната страница на peacharmy.mk, цел месец✓✓✓
Лого на месечната кампања✓✓✓
Таг + линк до вашиот профил или понуда✓✓✓

Бројките се однесуваат на вкупниот број вклучувања на брендот во текот на партнерскиот месец.

Слободни места

Изберете месец и ниво

Кликнете на слободно место и пополнете ја апликацијата. Ќе ви одговориме во рок од 2 работни дена. Местата „Во проверка“ сè уште се отворени, а го добива првиот одобрен.

Апликација

Аплицирајте за место

Апликацијата не е обврзувачка. Местото е ваше откако ќе ја одобриме и ќе ви потврдиме по е-пошта.

1Место

Сè уште немате избрано место. Изберете од календарот ↑

Изберете месец и ниво.

2Бренд

PNG или SVG, по можност со транспарентна позадина

3Награда

Изберете ниво за да го видите опсегот на вредност.

Како ќе ја добие победничката наградата?

4Контакт

Пополнете ги задолжителните полиња означени со розово.

Апликацијата е испратена 🍑

Ќе ви одговориме на е-пошта во рок од 2 работни дена. Доколку двајца апликанти се од иста категорија за ист месец, местото го добива првиот одобрен, а на другиот му нудиме друг месец.

Уште еден чекор 🍑

Испрати по е-пошта →

Ако не ви се отвори е-пошта, копирајте го текстот и испратете го на jasna@peacharmy.mk. Приложете го и логото.

Услови

Јасно од старт

Наградата е ваша, промоцијата е наша

Вие ја обезбедувате и доставувате наградата до победничката. Peach Army ги реализира промотивните активности според избраното ниво.

Еден бренд по категорија

Во еден месец примаме само еден бренд од иста категорија. Ако има повеќе апликации, местото го добива првиот одобрен.

Одобрение пред објава

Секоја апликација ја прегледуваме. Наградата треба да одговара на заедницата и да биде во опсегот на вредност за нивото.

Што гарантираме

Не гарантираме конкретен број продажби, следбеници или конверзии. Гарантираме договорениот обем на промоција и присуство на брендот.